Инстаграм се соочува со тужби од корисниците за повреда на приватноста
Социјалната мрежа Инстаграм, инаку во сопственост на Фејсбук, е мета на обвиненија дека илегално ги собирала биометриските податоци на своите корисници.
Оваа информација ја објави Блумберг, додавајќи дека компанијата Инстаграм понудила 650 милиони долари да се спогоди на суд. Тужбата е поднесена во Калифорнија, а компанијата е обвинета за прибирање и заработка од биометриските податоци на повеќе од 100 милиони корисници без тие да дадат одобрение за да им се прибираат личните податоци.
Портпаролката на Инстаграм рекла дека тужбата е неоснована и дека оваа социјална мрежа не користи технологија на препознавање на ликовите.
Но, една од корисничките не го дели ова размислување.
Кели Вејлен од Илиноис вели дека социјалната мрежа која инаку ја користи деветта година, го крши законот за приватност.
Ако го загуби спорот, Инстаграм ќе треба да им плати 1000 долари оштета за секое прекршено право или 5000 долари ако се открие дека прибирањето на податоците било направено намерно.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа