Мекејлеб си поигра со Барселона

 

Македонскиот репрезентативец, Лестер Бо Мекејлеб одигра 31.минута во победата на неговиот Фенербахче Улкер против Барселона со 75:70. Бо постигна 10 поени, оствари осум скокови, запиша четири асистенции, имаше две освоени и една загубена топка.
 
Постигнати резултати на синоќешните натпревари од 2.коло во кошаркарската Евролига: ЦСКА Москва – Будивелник 72:67, Партизан – Нантер 73:43, Фенербахче Улкер – Барселона 75:70, Стразбург – Анадолу Ефес 66:76, Баерн Минхен – Монтепаски 89:79, Уникаха – Стелмет 101:68 и Панатинаикос – Лаборал 95:74. 
 
На натпреварите одиграни во четвртокот: Локомотив Кубан - Литвос Ритас 68:53, Макаби Тел Авив - Црвена Звезда 96:82, Армани Милано - Жалгирис 82:75, Галатасарај - Олимпијакос 67:78.
 
Табела А-група: Фенербахче Улкер 2-0 (победи-порази), ЦСКА Москва 2-0, Партизан 1-1, Барселона 1-1, Будивелник 0-2, Нантер 0-2. 
 
Табела Б-група: Реал Мадрид 2-0 (победи-порази), Анадолу 2-0, Армани 1-1, Бросе 1-1, Стразбург 0-2, Жалгирис 0-2.
 
Табела Ц-група: Баерн 2-0 (победи-порази), Олимпијакос 2-0, Уникаха 1-1, Галатасарај 1-1, Монтепаски 0-2, Стелмет 0-2.
 
Табела Д-група: Кубан 2-0 (победи-порази), Панатинаикос 1-1, Макаби 1-1, Литвос 1-1, Лаборал 1-1, Црвена Звезда 0-2.

26.10.2013 - 11:02

најчитано сега