Погледнете што ве чека на патиштата низ Македонија
Теренските активности (геодетски и геомеханички истраги) кои се изведуваат долж патниот правец А-1, делница Миладиновци-Куманово (во двата правци) односно од наплатна станица Миладиновци до крај на стариот автопат-клучка Кр.Паланка, во периодот од 25.10.2013 год. до 30.10.2013 год. ќе се изведуваат од с.Агино до с.Романовце (стационажа од км 21+388,43 до км 19+388,43).
Работите ќе се изведуваат во временски период од 06:00 до 19:00 часот, додека пак сообраќајната сигнализација за времена измена на резим на сообраќај ќе биде поставена 24 часа на трасата.
Од 07.10.2013 започна изведба на градежни работи на патниот правец Велес - Кадрифаково фаза 1: од клучка Велес крај на трета лента (депонија Велес) Лозово, Сарамзалино.
На патниот правец Фурка - Дојран Р-1 105, ЈП Македонија пат - Скопје подружница Велес, почнувајќи од 02.10.2013 изведува градежно-асфалтерски работи на коловозот. Сообраќајот се одвива по една коловозна лента и истиот е регулиран со поставена соодветна патна сигнализација.
АМСМ препорачува внимателно возење, прилагодена брзина на движење и почитување на поставената сообраќајна сигнализација. Посебно внимание е потребно на делниците кои минуваат низ клисурите и засеците, особено на патните правци Катланово-Велес, Маврово-Дебар-Струга, Демир Капија-Удово, Кочани-Делчево и Берово-Виница, каде е можна почеста појава на одрони.
Сообраќајот на сите останати државни патишта низ Македонија се одвива непречено, по суви коловози.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен.
На граничните премини нема подолготрајни задржувања за влез и за излез од државата.