Македонски Телеком со зголемени приходи и раст во интернет и ТВ сегментот во првите шест месеци од 2020 година
Македонски Телеком во првите шест месеци од 2020 година бележи добри резултати наспроти сите предизвици на работењето што ги наметна ковид-19 пандемијата. Продолжува трендот на раст на бројот на корисниците во сегментот на интернет и телевизија. Приходите од продажба на Македонски Телеком во првите шест месеци од 2020 година, во споредба со претходната година, се зголемени за 0,7 отсто и изнесуваат 5.177 милиони денари. Оперативната добивка пред камати, оданочување и амортизација (EBITDA) е намалена за 2,7 отсто, заради зголемување на оперативните расходи во споредба со истиот период од претходната година.
Продолжува трендот на раст на корисничката база
Расте бројот на корисниците во првите шест месеци од 2020 година. Како резултат на континуираната посветеност за поврзување на корисниците и обезбедување квалитетни услуги и во услови на пандемија, зголемена е базата на корисници со пристап до широкопојасен интернет за 4,8 отсто, при што вкупниот број изнесува 207 илјади. Македонски Телеком и понатаму останува на позицијата лидер во ТВ сегментот на пазарот, нудејќи ексклузивни содржини и уникатно ТВ искуство. Со растот на бројот на корисници за 4,7 отсто (вклучувајќи ги Magenta 1, Internet&ТV и други ТВ услуги), во првите шест месеци од 2020 година МКТ ја зацврстува својата позиција со база од над 138 илјади претплатници.
Стабилна и квалитетна мрежа во услови на поголеми дигитални потреби
Главен приоритет на Македонски Телеком со појавата на ковид-19 пандемијата беше да обезбеди непречено поврзување на корисниците преку квалитетна и стабилна мрежа во услови на огромна побарувачка за интернет.
Досегашните преземени активности во изминативе шест месеци од годината подразбираат континуирани и дополнителни инвестиции за зајакнување на капацитетот на мрежата, со цел истовремено да се задоволат зголемените дигитални потреби на корисниците и да се излезе во пресрет на потребите и интересите на сите чинители во општеството. Покрај тоа, обезбедивме и дополнителни вредности, понуди и содржини без надоместоци за корисниците, а како одговорна компанија бевме партнер во проекти со кои општеството полесно ќе се справи со ефектите од пандемијата.
Македонски Телеком и понатаму останува посветен да обезбеди непречена комуникација и поврзување на граѓаните, давајќи свој личен придонес за доброто на сите.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа