Николовски: Се обврзуваме да работиме исклучиво во интерес на граѓаните, државата и нивната иднина
Собранието на денешната конститутивна седница на предлог на Верификациската комисија ги верификуваше мандатите на 120-те пратеници на десеттиот парламентарен состав избрани на предвремените парламентарни избори одржани на 15 јули.
Пратеникот и генерален секретар на СДСМ, Љипчо Николовски се огласи на Фејсбук по завршувањето на седницата.
„Државата, граѓаните денеска добија нов одговорен парламентарен состав.
Пратеничката група на СДСМ и Коалицијата „Можеме“ се обврзува, како и досега, да работи исклучиво во интерес на граѓаните, државата и нивната иднина.
Наскоро започнува процесот на формирање на ново парламентарно мнозинство и нова влада предводени од СДСМ кои ќе работат уште подобро и уште повеќе во остварувањето на програмските определби.
За две и пол години покажавме дека знаеме и умееме, во новиот чист четиригодишен мандат продолжуваме да работиме двојно повеќе за да обезбедиме подобра иднина за сите“, напиша Николовски.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа