СДСМ: Договорот со Бугарија затвори децениско прашање и го отвори патот кон членство во НАТО и интеграција во ЕУ
Пред три години, Владата предводена од СДСМ водејќи се од државните и национални интереси, покажа храброст и решителност во решавањето на отворените прашања со соседите. На денешен ден пред три години се потпиша Договорот за присталество, добрососедство и соработка со Република Бугарија, Договор кој затвори повеќедецениско прашање меѓу двете држави.
Ова денеска преку соопштение го соопшти СДСМ, додавајќи дека токму Договорот со Бугарија, а подоцна и Договорот од Преспа ни донесоа членство во НАТО, отворен процес за преговори за членство во ЕУ, но и копретседавање на Берлинскиот процес годинава со што за прв пат земја која не е членка на ЕУ, зазема лидерска позиција во оваа регионална програма на ЕУ за Западен Балкан.
-Договорот со Бугарија денес е инспирација за соработка и добрососедство во регионот но и пошироко, а на македонскиот наорд и на сите граѓани во Република „Северна“ Македонија им донесе сигурна, стабилна и безбедна иднина во НАТО и ЕУ. Денес и со Бугарија и со сите останати соседи имаме одлични добрососедски односи и искрени и посветени поддржувачи на евроатлатнскиот пат. Со постигнатиот договор, создадовме модел со кој го поставивме споделеното минато како темел за подобра иднина и подобар живот на нашите граѓани, се вели во дописот од СДСМ.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа