СДСМ: Во време на здравствена криза Мицкоски се грижи само за сопствените задоволства
Мицкоски треба да се засрами од своето однесување кое е директен доказ зошто се соочуваме со втор бран, а тоа е од непочитување на мерките и неказнување од МВР, се вели во соопштение на СДСМ.
Во него се додава дека изминатиов период, кога земјата се соочува со здрваствена криза, Мицкоски демонстрирал само непочитување на мерките, деструкција и ширење лажни вести.
„Јасно е дека за него неговата теретана и неговите кафеани се поважни од здравјето на луѓето“, велат од СДСМ.
Од таму нагласуваат дека лидерот на ВМРО-ДПМНЕ нема никаков однос и одговорност ниту за болните, ниту за докторите.
„Дополнително, злоупотребувајќи ги своите инсталации во МВР, од ВМРО-ДПМНЕ се обидуваат да ги сокријат трагите од прекршувањата на законите“, се наведува во партиското соопштение.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа