Царовска: Изборниот процес да продолжи по завршување на вонредната состојба

Со оглед на тоа што вонредната состојба значи поголема оперативност за дејствување на Владата и со оглед на последните податоци од тестирањата за коронавирусот, сметам дека воредната состојба треба да се продолжи уште одреден период, оцени вицепремиерката за економски прашања и  потпретседателка на СДСМ Мила Царовска во  интервју за емисијата „360 степени“.
 
Таа најави дека утре во утринските часови, во пресрет на Советот за безбедност кај претседателот Стево Пендаровски,  ќе има вонредна владина седница на која Владата ќе донесе конечна одлука дали ќе побара продолжување на вонредната состојба.
 
„Изборниот процес треба да продолжи веднаш по завршувањето на вонредната состојба. Со оглед на тоа што операционализацијата на сите активности тече и дека Владата треба да биде многу оперативна во овој период, но и по последните податоци од тестирањата  сметам  дека ни е потребно вонредната состојба  да биде продолжена уште одреден период, можеби не 30 дена, но одреден период за да ги разгледаме сите околности“, додаде Царовска.

 

 

 

 

Добивајте вести на Viber

29.05.2020 - 22:48

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега