ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ нема контрола на епидемијата со коронавирусот

 

Катастрофалните податоци од претходните денови уште еднаш ги изнесоа на виделина неспособноста и лагите на СДСМ, Заев и Филипче, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

 

-Состојбата во Македонија е алармантна и вон контрола, а власта опседната само со своите фотелји е хаотична и не може да се грижи за јавното здравје. Наместо да покажат одговорност и да ја лоцираат вината кај себе, тие го обвинуваат народот. Народот не е виновен. Виновни се Заев и Филипче. Тоа веќе им е јасно на сите, се вели во дописот од ВМРО-ДПМНЕ.

 

 

 

 

Добивајте вести на Viber

29.05.2020 - 20:53

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега