ВМРО-ДПМНЕ: Заев е осамен во намерата да турка избори на штета на здравјето на граѓаните

Заев е некрофил кој сака да брои жртви наместо гласови за да си ја задржи фотелјата која му обезбедува пари, велат од ВМРО-ДПМНЕ во реакција по изјавата на Зоран Заев.

Од партијата нагласуваат дека СДСМ сака да оди на избори кои ќе бидат кланица за граѓаните, особено повозрасните и хронично болните.

„Заев не го есапи здравјето на граѓаните, на Заев му е единствено битно да продолжи да дели лиценци за марихуана додека луѓе умираат и да се расфрла со тендери на нему блиски фирми. Доколку му беше важно здравјето на граѓаните немаше денеска во ден кога броиме над 100 жртви да заговара брзи избори, а гледа дека ситуацијата со заразени не стивнува, а смртноста расте.

Заев и СДСМ се единствен политички субјект кој сака брзи избори. На сите лидери на политички партии поважно им е здравјето на граѓаните, само на Заев неговите милиони и фотелјата.

Заев покажува дрскост од невидени размери. Сите држави од западниот свет како што е примерот со Франција ќе одат на избори со политички консензус и со однапред цврсти уверувања од здравствените власти, само Заев во стилот на средновековен феуд се однесува со луѓето и нивното здравје како да се негова сопственост.

Денешната изјава на Заев е само уште еден доказ за неговата криминогеноста и антидржавен карактер.

Со Зоран Заев и СДСМ Македонија не може да очекува просперитет, туку стагнација.

 

ВМРО-ДПМНЕ е различно од СДСМ. Со СДСМ и Заев добивме хибриден режим, неспособност, криминал и сиромаштија.“ се вели во реакцијата на ЦМРО-ДПМЕ.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

18.05.2020 - 17:23

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега