ВМРО-ДПМНЕ: Избори на крајот на летото, најбезбедно за граѓаните

 

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски на лидерската средба го предложил крајот на летото како најпогоден период за одржувањето на предвремените парламентарни избори, велат од ВМРО-ДПМНЕ. Од партијата сметаат дека овој период е предложен како најмалку опасен по здравјето на граѓаните и очекуваното стабилизирање на корона кризата до тогаш.
Со одржувањето на изборите во овој период ќе се избегне стравувањето од нов бран од коронавирусот, кој е најавен на почетокот на зимата, или доцна есен, а тоа го потврдува и Светската Здравствена Организација.
Имено, во текот на летото и поголем дел од луѓето не се во државава, со што е присутна и можноста за кредибилни избори со висока излезност. Воедно ќе се има и појасна слика за ризиците и состојбата со короната во државата, а ДИК ќе има време за организирање на изборен процес кој ќе обезбеди заштита на здравјето на граѓаните.
-Со ова ВМРО-ДПМНЕ јасно става до знаење дека не бега од избори, и е фаворит, но воедно се грижи за здравјето на граѓаните. Од друга страна видливо е на моменти нервозното однесување на Заев и пресметката за брзи избори со дваесетина посто излезност и огромен број на жртви во услови кога се уште има двоцифрени бројки на ново заразени, велат од партијата.
 

 

 

Добивајте вести на Viber

18.05.2020 - 14:07

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега