СГ на ВМРО ДПМНЕ: Пријава за Шилегов- дали зад анонимните донации се кријат анонимни бизниси?

За Шилегов донацијата од 100 илјади евра за неколку часовниот настап на Дино Мерлин е анонимна, анонимна е и донацијата за најскапиот тревник кој скопјани ги чини 530 илјади евра, анонимни се и спонзорите кои го градат стационарот за кучиња Лајка, единствено не се анонимни ароганцијата, навредите и неспособноста на Петре Шилегов, ова денеска преку соопштение до јавноста го истакнува Советничката група на ВМРО-ДПМНЕ на град Скопје.

-И покрај постојано упатени прашања до Петре Шилегов, кои се спонзорите на 100 000евра за Дино Мерлин, кои се спонзорите кои го градат стационарот Лајка, кои се спонзорите на тревен бус на плоштад, се уште не добиваме никаков одговор освен дека се анонимни. Превезот на анонимност на Шилегов отвора сомнеж за перење на пари и финансиска злоупотреба. Поради сомневање за начинот на прибирање и трошење на пари од анонимни спонзори Советничката група на ВМРО ДПМНЕ поднесе пријава до Државен завод за ревизија, Финансова полиција и Државната комисија за спречување на корупција, велат од Советничката група.

Тие додаваат дека граѓаните имаат право да знаат кои фирми се општествено одговорни и како се трошат донираните средства, и дали Петре Шилегов ги злоупотребува средствата и парите кои ги преставува за анонимни? Дали зад анонимните пари се кријат сомнителни анонимни бизниси?

 

 

 

Добивајте вести на Viber

17.05.2020 - 10:17

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега