Стојаноска: Дончев нелегално се стекнал со над 3 милиони денари, ЈО година дена молчи и не отвора истрага

ЈО на Русковска се однесува како да е во директна спрега со Ден Дончев, кој нелегално се стекнал со сума од над 3 милиони денари, ова денеска преку прес-конференција го истакна Дафина Стојаноска од ВМРО-ДПМНЕ.

-ЈО чека медиумите првин да обелоденат, па да покрене истрага за предмети за кои има информации и докази. Зошто и кој го штити Дончев!? ЈО вчера потврди дека се води истрага за Дончев кој лани, пред речиси една година се стекнал со незаконски приходи од над 3 милиони денари, т.е. над 50 илјади евра. Што чекаше ЈО една година и зошто не отвораше истрага против Дончев!? Ден Дончев лани во тек на шест месечен период примил над 50 илјади евра од страна на муртинската фирма Ремаркет, за консултантски услуги кои ги давал истовремено додека бил директор на ФЗОМ, што е спротивно на закон. Дончев директно го прекршил чл. 44 од Законот за спречување на корупција и судир на интереси и земал пари од дејност која не смеел да ја извршува во исто време додека директорувал со ФЗОМ. ЈО со своето не реагирање го штити Ден Дончев – главниот играч на Заев. Нејасно е зошто ЈО чекало да помине цела година да отвори истрага а со тоа и да дојде до потенцијално перење на пари е нејасно за да отвори истрага, вели Стојаноска.

Таа додава дека дополнително ЈО треба да одговори зошто го толерира Дончев за низа други сомнителни дејанија, за кои како што пишуваат медиумите имаат докази, а сепак истрага нема ни на повидок!?

-ЈО треба во најбрз можен рок да реагира и да отвори постапка како за незаконските приходи на Дончев, така и за другите криминали во кои е замешан, во спротивност ЈО и Русковска се ставаат во улога на директни помагачи на Дончев. Криминогениот Дончев незаконските приходи кои му легнале на сметка не ги пријавил ниту во неговиот анкетен лист кој како функционер има обврска да го достави и во него да прикаже вистинити податоци, објавија вчера токму од ДКСК. Дончев со своето дејствување направил низа незаконски дејствија. Дончев треба да се соочи со кривична одговорност веднаш, доколку тоа не се случи одговорност ќе има со воспоставувањето на правната држава. ВМРО ДПМНЕ е различно од СДСМ. Со СДСМ и Заев, добивме Хибриден режим неспособност, криминал и сиромаштија, вели Стојаноска.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

16.05.2020 - 13:37

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега