ВМРО-ДПМНЕ: Продолжувањето на вонредната состојба покажува дека власта знае оти нема услови за избори, но би жртвувала и луѓе

Денешното продолжување на вонредната состојба за дополнителни 14 дена е показател за целата конфузност на власта. Од една страна кажуваат дека има услови за избори, од друга страна се продолжува вонредната состојба, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

-Самиот факт што вонредната состојба се продолжува на барање на Филипче и Комисијата за заразни болести е показател дека СДСМ, иако е свесна дека нема услови сака да оди на избори за да минимизира пораз, па макар и по цена на здравјето на граѓаните и нивните животи. Барањето на избори и лиферувањето на дати од една страна, и барањето за продолжување на вонредната состојба од друга страна, е показател за конфузноста, но и доказ дека не можеме да имаме фер претставување на сите учесници на една состојба во изборната трка во ситуација на криза, се вели во соопштението.

Според ВМРО-ДПМНЕ, токму затоа е важно дефинирање на датум, кој ќе произлезе откако претходно ќе се отклонат опасностите по здравјето на луѓето, според кој ДИК ќе може да ги планира активностите.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

15.05.2020 - 19:24

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега