Арсовски: СДСМ само декларативно се грижи за здравјето на граѓаните

Во СДСМ, а особено Зоран Заев се залагаат за здравјето на граѓаните само декларативно, но не и суштински, со тоа што го втурнуваат народот во вистинска опасност со тоа што инсистираат на избори во време на пандемија, истакна портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ Димче Арсовски во дебатниот магазин “Клик Плус“ на телевизија Тв21 кој потенцираше дека за ВМРО-ДПМНЕ навистина, најважната работа пред се е здравјето на граѓаните.

-За ВМРО-ДПМНЕ здравјето на граѓаните е најважно затоа што не би сакале да одиме на избори, во изборен процес, во изборна кампања каде што, наместо на денот на избори да броиме гласови за политичките партии, ние броиме ново заразени и да броиме, не дај Боже најлошото, човечки жртви кои што настрадале од заразата на вирусот Ковид-19, рече Арсовски.

Зоран Заев и останатите во СДСМ се плашат од министерот за внатрешни работи, Наќе Чулев, констатираше Арсовски, затоа што тој за целиот овој период ја извршува својата функција профенионално и достоинствено, во насока на служба на граѓаните но и за најважната работа за сузбивање на криминалот.

Во однос на пишувањата дека ако нема избори во јуни СДСМ би сакала избори во декември, Арсовски истакна дека станува збор за уцена.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

14.05.2020 - 22:55

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега