Муцунски: СДСМ мисли дека ќе го минимизира поразот ако изборите се одржат поскоро

Меѓународниот секретар на ВМРО-ДПМНЕ Тимчо Муцунски во денешното гостување во емисијата „Само вистина“ истакна дека не треба да се оди на избори поради економската непредвидливост, здравјето на граѓаните и желбата на СДСМ изборите да бидат што е можно побрзо за да го минимизараат поразот.

-По анкетите на Стопанските комори, 85% од деловната заедница, од сите Стопански комори не е задоволна од еконосмките мерки коишто ги носи Владата, фактот што ние имаме една чудна ситуација каде што СДСМ инсистираше мислам до вчера беше една изјава за парламентарни избори на 14-ти јуни, денеска гледаме барање за вонредната состојба, паралелно некои мерки коишто се дифузни одат контрадикторно со тоа, посочи Муцунски.

Вели нагласи дека имаме политички ентитет којшто бара кампањата за парламентарни избори да почне за недела дена од денеска, а паралелно со тоа бројките на заболени не стивнуваат.

Муцунски рече дека Македонија е на врвот по смртни случаи во регионот, а на дното по направени тестови на милион жители. Според него, приоритет треба да биде здравјето на граѓаните и излез од кризата.

-На парламентарни избори не треба да се оди од две причини, бидејќи што повеќе време помине СДСМ очекува дебакл и мисли дека ако побрзо се изборите ќе го минимизира поразот, на крајот од денот граѓаните ќе бидат тие коишто ќе бидат најмудрите и ќе одлучат кој ќе победи на избори, но не смееме да ставиме ниту еден граѓанин во ризик, вели Муцунски.

Тој истакна исто така дека се пробудил револтот на јавноста со ваквото однесување и политичката реторика да се фокусира интересот на кога ќе бидат изборите, тој вели дека интересот треба да биде на здравјето и на деловниот сектор кој треба да се овозможи да функционира.

-Треба да има избори, но во нормални услови и оптимален период, не треба да се преплавува јавноста за тоа кога ќе има избори, се врши политизација, а главниот фокус треба да биде на економската предвидливост и здравјето на граѓаните, посочи Муцунски.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

14.05.2020 - 19:26

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега