Заев- Галовеј: Државата покажа подготвеност за справување со коронавирусот и заштитата на здравјето на граѓаните

Претседателот на СДСМ Зоран Заев имаше видео средба со амбасадорката на Британија во земјава, Рејчел Галовеј, соопштуваат од партијата.

Тие разговараа за глобалната закана од пандемијата со коронавирусот, последиците од неа врз економијата, како и демократските процеси во Република  Македонија и претстојните парламентарни избори.

Заев и соопшти на амбасадорката дека сите капацитети на државата, на општеството, но и на СДСМ како одговорна партија се ставени во заштита на здравјето на граѓаните и спречување на ширењето на вирусот, како највисок приоритет.

Покрај обезбедување на здравјето, додаде Заев дејствувањето на СДСМ е фокусирано и на изнаоѓање мерки и политики кои имаат за цел да ги санираат економските последици од коронавирусот економијата и да создадат нова, брза економија со интензивен раст за побрзо надминување на кризата.

Заев посочи дека СДСМ и преку Владата и преку институциите во кои е дел е посветена на градење на силна демократија, со силни и капацитетни институции, и оттаму во ситуација кога државата е без Собрание и со преодна Влада, дополнително се наметнува потребата од одржување избори штом пандемијата спласна.

Од страна на амбасадорката Галовеј беше поздравен високиот степен на транспарентност и отвореност на институциите за време на пандемијата, како и нивната посветеност во борба со здравствените закани од коронавирусот.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

13.05.2020 - 17:40

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега