Заев ги појасни роковите: „Освен 14 јуни, можни се и други датуми за избори“

Лидерот на СДСМ, Зоран Заев за „ТВ21“ потврди дека освен 14 јуни СДСМ е подготвена да разговара за датум и да се постигне договор, почитувајќи ги роковите.

„За другите опции зборувавме во објаснувањето на правните последици од завршување на вонредната состојба. Ако се даде уште 30 дена вонредна состојба (до 17 јуни) тогаш изборите ќе бидат на 7-ми јули. Ако нема продолжување на вонредната состојба и заврши на 17-ти мај тогаш изборите ќе бидат на 8 јуни. Ако се продолжи вонредната состојба за 2 седмици тогаш изборите ќе бидат на 22 јуни. Ако се продолжи вонредната состојба за плус една седмица тогаш изборуте ќе бидат на 14 јуни. Зборувајќи за тоа кои ни се уставните и законски опции за изборите ова го констатиравме“, истакна Заев за ТВ21.

Опозициската ВМРО-ДПМНЕ без конкретен став. Лидерот Христијан Мицкоски очекува Комисијата за заразни болести да излезе со став кога е најмала опасноста за ширење на вирусот и времето што и е потребно на ДИК да се подготви за избори. Затоа вели дека не сака да се наддава со датуми.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

13.05.2020 - 16:12

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега