Костадинов: Изборите се прогласени и распишани одамна, а со владина уредба тие се само одложени, ВМРО-ДПМНЕ е во бунило

„И граѓаните, секако и ние сме свесни за континуираното ширење на лаги од страна на ВМРО-ДПМНЕ. Евидентен е стравот од соочувањето со изборите, секако соочување со изборниот пораз којшто им следува на ВМРО-ДПМНЕ кога и да се случат изборите.

Вреди да ги потсетиме дека изборите се прогласени многу поодамна, дека со прогласувањето на изборите е распуштено и Собранието на Република Северна Македонија и секако заради пандемијата и заради појавувањето на корона вирусот беше донесена уредба со којашто изборите беа одложени.

Вреди да се потсети јавноста за неодговорното и деструктивно однесување од страна на Христијан Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ кое што го гледаме и деновиве и на лидерската средба но и од самото преземање на партијата од страна на Христијан Мицкоски и неговите кадри. Добро знаете дека истиот тој Христијан Мицкоски , на почетокот на пандемијата, кога практично беше прогласена вонредна состојба , ставот на ВМРО-ДПМНЕ беше дека нема потреба од прогласување вонредна состојба туку дека треба да се прогласи кризна состојба“, одговори Костадин Костадинов, портпарол на СДСМ, на новинарско прашање.

„Вреди да се потсетат граѓаните за ужасното однесување на Христијан Мицкоски кога рече дека Социјалдемократскиот сојуз на Македонија, бога моли да се случи корона вирусот само за да ВМРО- ДПМНЕ неможе да излезе на улици со граѓаните и да протестира. Вреди да се спомене и деструктивното однесување и неодговорно однесување во целата оваа криза од страна на Христијан Мицкоски и на кадрите на Мицкоски и на ВМРО-ДПМНЕ.

Додека ние донираме, додека ние помагаме на ранливите категории на граѓани имавме можност да видиме како продолжената рака на Христијан Мицкоски сместена во Министерството за внатрешни работи, господинот Наќе Чулев, познат во јавноста како Наќе Отсјај имаше можност и направи политичка хајка и влезе во магацин и малтретираше волонтери, којшто спремаа хуманитарни пакети за социјално загрозени граѓани.

Еве имаме можност да видиме како неговиот заменик дополнителен министер за финансии не потпишува и кочи проект вреден 90 милиони евра којшто ќе биде наменет директно за граѓаните, за справувањето со оваа криза.

Целиот овој хаос , ние како одговорна партија секако мислам и граѓаните заедно со нас, ќе направиме што побрзо да заврши. Личните хирови на Христијан Мицкоски и ВМЕО-ДПМНЕ, деструктивното однесување, паниката којашто е плот на тој страв од изборен пораз, нека им остане на ВМРО-ДПМНЕ внатре во белата палата“, кажа Костадинов.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

13.05.2020 - 14:56

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега