ВМРО-ДПМНЕ: Заев е исплашен бидејќи народот ќе гласа за својот интерес, а не за интересот на соседните политичари

„Уште еднаш се покажа дека Зоран Заев и СДСМ се тотално однародени. Додека рејтингот меѓу македонските граѓани им е во континуиран пад, политичарите од соседството го посочуваат Заев како посакуван политичар во Македонија. Причината е јасна, нема да најдат друг политичар кој што може да ја витка кичмата, да ги распродава националните и државните интереси и да го погазува достоинството на својот народ и својата држава“ велат од ВМРО-ДПМНЕ преку соопштение.

„Па зараем грчките, бугарските или било кои други соседни политичари може да најдат друг политичар кој што ги пцуе и навредува својот народ и својата држава. Одговорот е не, само Зоран Заев е таков човек.

Тоа е легитимно за соседните политичари, но е штетно за Македонија и граѓаните.

Постојат сериозни сомнежи дека зад оваа политика на попустливост на Заев кон Бугарија и други земји, стои и некаков друг директен интерес или можеби уцена кон Зоран Заев. Дали интересот или уцената се причината заради кои што е спремен да тргува со македонскиот јазик, македонската историја и ликот и делото на македонските дејци?

Веќе има и јавно сведоштво кое посочува дека криминалните активности кои се случувале во Македонија, а во кои длабоко е вплеткан Зоран заев и негови блиски луѓе, се предмет на истрага на странски обвинители, што сугерира дека за тоа постојат сериозни докази и истите се користат за влијание врз него.

 

Затоа е потребно Македонија да изгради јасни и цврсти национални позиции по вака клучни прашања. Затоа е потребно Заев да биде поразен на престојните избори, бидејќи македонските граѓани не гласаат за интересот на странските политичари, туку гласаат за својот интерес и интересот на својата држава Македонија.“ стои во партиското соопштение на ВМРО-ДПМНЕ.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

12.05.2020 - 08:55

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега