Цветковски: Среде пандемија со коронавирусот градоначалникот на Лозово гради макета на антена

 

Бошко Цветковски, претседател на општински комитет на ВМРО-ДПМНЕ во Лозово на својот фејсбук прфил вели дека Градоначалникот на општина Лозово, Ацо Велковски, несомнено ја следи политиката на неговата партија, за жал, сведоци сме дека лошите политики на владата, се плаќаат со човечки животи и привремено или трајно губење на работни места.

„На тој начин СДС, ќе донесе глад, неплатени сметки и енормни задолжувања на граѓаните. Но тоа не го спречува нивниот Градоначалник во Општина Лозово да склучи Договор за јавна набавка „ИЗГРАДБА НА МАКЕТА НА АНТЕНА“ и истиот да го објави на 01.04.2020 година преку Електронскиот систем за јавни набавки.
Замислете во ова време – невреме кога се соочуваме со пандемија и е прогласена вонредна состојба, кога државната каса е пред колапс на Ацо Велковски и Општина Лозово им е дојдено до изградба на МАКЕТА на АНТЕНА!!
Повторувам: МАКЕТА на АНТЕНА!!
Имено, Општина Лозово како договорна странка, склучила договор со Трговско друштво за градежништво и трговија „ГРАДБАМАК 1 ДООЕЛ Скопје“, а сумата на склучениот договор ни помалку ни повеќе изнесува 318.906,80 денари.
И додека проблемите во секојдевното функционирање на граѓаните од нашата општина се натрупуваат, и повеќето населени места се сеуште без квалитетна вода за пиење, Ацо Велковски и Општина Лозово, расипнички ги трошат парите на граѓаните!!
Притоа важно е да се напомене дека оваа набавка е уште една од низата на непродуктивни трошења во кризен период, во време кога на територија на цела држава, здравствените работници немаат заштитна опрема, и нема респиратори за заболените од Ковид-19..
Очигледно е дека СДС нема намера да се откаже од своите навики за расипничко трошење, а одговор за ваквите навики ,секако треба да дадат градоначалникот и Општина Лозово.
Оттука ќе им порачам дека граѓаните добро знаат да проценат кој работи во нивни интерес, а кој ги манипулира. Затоа бевте казнети од од нивна страна на претседателските избори во 2019 година а истото ве очекува и на предвремените парламентарни избори 2020 година.

Јас како Претседател на Општинскиот Комитет на ВМРО-ДПМНЕ од Лозово, пред граѓаните давам ветување, дека веднаш после надминување на кризата со корона вирусот и превземањето на власта, ќе побарам од надлежните органи да се преиспита целокупното работењето на Ацо Велковски и Општина Лозово!!

П.С. Со вашите постапки го потценувате народот!! Заборавате дека народот гледа, народот избира, народот и ќе казни!

Опис:
(На 29 ноември 1970 година Радио Скопје пушта во редовна работа среднобрановиот предавател во Овче Поле со моќност од 1000 kW. Антенскиот столб со висина од 185.4 метри е точно една половина од брановата должина на која работи предавателот и има засилување по хоризонтала од 1.6 пати. Ефикасноста на антенскиот систем е 94.5% што претставува одлична вредност и значи дека предавателот емитува во сите правци по површината на теренот со сила од 1510 kW. Што се однесува до просторниот или јоносферсклот бран во зависност oд вертикалните агли на зрачењето и под одредени услови на пропагација ноќе, бранот може да се простира на големи далечини при што приемното поле е на сосема задоволително ниво. Набавен од фирмата „Браун-Бовери" од Швајцарија со врвен квалитет на вградените компоненти со ново конструктивно електрично решение на столбот, со функционален објект од 960 метри корисна површина, односно со трафостаница и помошни објекти во вкупна површина од 1250 м². Целиот комплекс опфаќа површина од 181.000 м², и како основна примарна намена служи, гласот на Радио Скопје да може да се чуе во одредени делови на Европа, Блискиот Исток и Северна Африка.
Принципно прво се прави маќета па се пристапува кон изведба на градежни активности во оригинални димензии..Но Само кај нас може да се гради макета 50 години подоцна, откако е изграден оригиналот..

Причина:НЕПОЗНАТА

Макета на предавател, по принцип треба да биде 100% идентична со оригиналот, но во намалени димензии. Во конкретниот случај дури и не наликуваат една на друга..

Оригиналот: Висока,Тесна

Макета:Ниска,Широка)олитика на аздисаност и „ловење во матно“.“стои во неговиот статус.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

08.05.2020 - 09:28

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега