ВМРО-ДПМНЕ: Единствено во што е најдобар Заев е рекетирањето, криминалот и корупцијата

Зоран Заев е главата на криминалниот октопод.Денеска во суд Бојан Јовановски призна дека Зоран Заев знаел за рекетирањето две недели и директно го менаџирал и прикривал рекетот, се вели реакцијата на ВМРО-ДПМНЕ на интевјуто на лидерот на СДСМ, Зоран Заев во емисијата „Патот кон“ на Алсат-М.

Според партијата, Јавното обвинителство мора да се ослободи од спрегата Заев и СДСМ и да отвори истрага.

-Криминалецот Зоран Заев нема ниту срам ниту перде. Заев зборува за канализација во Арачиново, а во период од три години власт ништо не направи. Три години Заев и СДСМ, се три  години изгубени за граѓаните на Република Македонија. Ништо нема да го прекрие фактот дека македонската економија е урнисана, додека граѓаните живеаат во сиромаштија и беда, Заев и функционерите од власта се луксузираат на грбот на народот, се вели во реакцијата.п

Според ВМРО-ДПМНЕ, единствено нешто во кое аев е најдобар е рекетирање, криминал, корупција, лаги и манипулации.

-Република Македонија со СДСМ и Зоран Заев на власт два пати по ред е прогласена за хибриден режим, најпрво според светко реномирано списание „Економист“, а денеска и Фридом Хаис го потврди тоа. 3 години Заев, три години Хибриден режим. Три години неспособност, криминал и сиромаштија. Многу набрги следува одговор и одговорност. Заев и СДСМ никогаш повеќе, се вели во реакцијата.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

07.05.2020 - 22:38

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега