Заев: Јуни е најприкладен период за да се одржат изборите, потребни ни се кредибилни и функционални институции

Демократски треба да постигнеме здраворазумски  договор за одржување на изборите, но не верувам дека ќе имаме вака прикладен период, како сега во јуни, секако под услов кризата со коронавирусот целосно да биде одмината, сите земји го избегнуваат јули, затоа сметам дека јуни е поприкладно да се одржат изборите, секако со договор, истакна претседателот на СДСМ Зоран Заев, во емисијата „На прав пат“ на Алсат телевизија.

-Секако потребни се соодветни рокови за подготовка на избори, во уредбата е наведен 21 ден од завршување на вонредна состојба, и токму затоа се прави лидерска средба, рече Заев.

Според него, прв услов е кризата да биде целосно одмината, бројот на оздравени да биде видлив, потоа изборите да бидат мониторирани од ОБСЕ/ОДИХР, и секако ажурирањето на избирачкиот список.

-Причина плус за што поскоро одржување на избори е тоа што немаме парламент, а од друга страна имаме техничка, а не политичка влада, која треба да понесе одговорност. Ние сме парламентарна демоктратија, а немаме парламент, ние сме парламентарна политичка демократија, треба да имаме политичка влада која ќе понесе одговорност, во вакви услови граѓаните немаат кај кој да се обратат, рече Заев.

Додаде дека не помалку важна е и економијата, која и онака е во криза, а во време на избори, се наоѓа во еден вид рестрикција.

Бидејќи од парламентот зависат економските политики, да не се доведеме да имаме уште еден пик за економијата, заклучи Заев.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

07.05.2020 - 21:22

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега