СДСМ: Канчевска да го објави договорот за Стариот театар

 

 

Опозициската СДСМ денеска со свое соопштение за јавноста посочи дека има одговорност и обврска пред граѓаните да го разобличи милионскиот криминал поврзан со Скопје 2014, за како што велат јавноста сама да процени кој лаже и манипулира.

- Дали Госпоѓо Канческа Милеска е лага овој договор, за дополнителни работи за објект Стар театар за изведба на хидротехнички инсталации склучен на 18.06.2013 година во постапка со преговарање, без оглас, без меѓународна објава и без електронска аукција, вреден 46.212 евра? Дали е лага овој договор за изведување на дополнителни и непредвидени работи на објект „Стар театар“, склучен на 20.12.2012 година, во постапка со преговарање, без оглас, без меѓународна објава и без електронска аукција, вреден 225.449 евра? Дали е лага овој договор за дополнителни и непредвидени работи за објект „Стар театар“, склучен на 03.11.2011, во постапка со преговарање, без оглас, без меѓународна објава и без електронска аукција, вреден 348.649 евра? Дали е лага овој договор за изведување на дополнителни и непредвидени работи за објект Стар театар, склучен на 24.01.2012 година, во постапка со преговарање, без оглас и без меѓународна објава, вреден 244.456 евра? И дали е лага образложението дека „таквите дополнителни работи или услуги не можат да бидат технички или економски одделени од основниот договор „без поголеми проблеми за договорниот орган“?, прашуваат од СДСМ.

 Ако некој шири лаги и манипулации тоа е Министерството за култура ,велат од СДСМ и додаваат дека дрскоста на министерката само го покажува нејзиниот страв од соочување со вистината не само за овој објект туку за сите објекти од „Скопје 2014“.

 - Во меѓувреме, додека ја поднесе тужбата, министерката Канческа Милеска ја повикуваме на јавноста да и го објави основниот договор за објектот „Стар театар“. 

22.10.2013 - 14:33

најчитано сега