Пензионерка од Куманово освои 500.000 денари во Инстант лотаријата Детелинка

 

Инстант лотаријата Детелинка деновиве е посебно популарна кај играчите на среќа. Овојпат и се насмевна среќата на пензионерката К.М. од Куманово која со помош на Државна лотарија на Македонија освои 500.000 денари.

Кумановчанката К. М.  која е пензионерка е редовен конзумент на игрите на среќа на Државна лотарија на Македонија. Својот среќен инстант лоз Детелинка го купила од продажното место Шуман Зора во Куманово и тоа утрински, за да и тргне денот со убаво. Така и било. Утрото се покажало како убаво, па и добитно, и и ја донело најголемата премија  инстант лотарија Детелника, вредна 500.000,00 денари.

Кумановчанката  стана нашиот 4ти среќен добитник кој изгреба три идентични суми, а тие пак се гаранција за посакуваната премија- 500.000 денари.

Само за потсетување лозот Детелинка  беше лансиран на крајот на 2012, а во својата добитна комбинација вклучи само парични добивки од кои: 5 добивки по 500.000 денари, десет добивки по 100.000 денари , сто добивки од по 10.000 денари и други бројни добивки од 30 до 1000 денари. Лозот е посебно атрактивен заради податокот што нуди вкупна вредност од 19.500.000 денари, а секој трет крие добивка. Трите идентични суми во детелинката се вашата лозинка за добивка во оваа игра на среќа. Инстант лозот ДЕТЕЛИНКА е единствена можност како за 30 денари да се добијат до 500.000 денари.

 

 

22.10.2013 - 14:24

најчитано сега