ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ оди со тактиката помалку тестирани, помалку заразени и вештачки создава перцепција дека се е во ред

Република Македонија е на дното во регионот по број на тестирани луѓе од коронавирус. СДСМ оди со тактиката помалку тестирани, помалку заразени. Вештачки се создава перцепција дека се е во ред, соопштуваат од ВМРО-ДПМНЕ.

Од партијата посочуваат дека од друга страна реалноста е сосема поинаква.

-Македонија има повеќе починати од коронавирус од Грција, Бугарија и Албанија заедно. Високата смртност е само поради неспособноста на власта да ја менаџира кризата. Лошиот менаџмент со кризата се гледа и во лошата економска слика. Буџетот за првите три месеци има дупка од 120 милиони евра, секое семејство е задолжено за нови 15.000 денари. Државата само за санирање на дупките од неспособноста на власта ќе потроши 1.3 милијарди евра, пари за кои ќе треба да не задолжат и да ги враќаат некои идни генерации. СДСМ ја урниса Македонија и ќе биде казнет од граѓаните, се наведува во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

07.05.2020 - 09:27

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега