Да ја покажеме хуманата страна - да му помогнеме на малиот Максим
Во Бистрото "Здраво-живо" утре ќе биде организирана хуманитарна акција за малиот Максим кој страда од многу ретко заболување.
Како што пренесува Коолтура, хуманитарната акција ќе се одржи утре со почеток од 9 па се до 21 часот: - „Ние ќе подготвиме палачинки, чоколадо, многу колачи, многу слатки намази, разни млека, а вие само треба да дојдете и да донирате. Инаку за цело веме додека трае акцијата за Максим во Здраво Живо ќе има кутија за донации“.
Малото момче боледува од Шимке имуно-дсплазија синдром од кој што страдаат само уште пет деца во светот. Болеста се манифестира со откажување на функцијата на бубрезите и со џуџест раст. За Максим да се спаси е неопходно да се направи трансплантација на коскена срцевина и на бубрег во Германија, за што секако се потребни многу парични средства.
Затоа, да ја покажеме хуманата страна и да донираме за момчето на кое му треба нашата помош!