Каракамишева: Се срамам што го познавам Денко Малески

 

Професорката на Правниот факултат во Скопје Тања Каракамишева – Јовановска бара јавна осуда за Денко Малески кој во изјава за една бугарска национална телевизија вели дека Крсте Петков Мисирков и Гоце Делчев се Бугари и дека ние мораме тоа да го прифатиме за да немаме вето од Бугарија во евроитеграцискиот процес.

„Се срамам што го познавам Денко Малески.

Се срамам што бил мој колега на Факултет.

Намерно не напишав професорот оти е срам за Македонскиот народ тој да биде наш просветител и учител.

Кога не знае да молчи за работи што очигледно не ги познава, ниту има стручност да зборува за историја, а неговите зборови ни нанесуваат директна штета нам Македонците, тогаш јавната осуда е неопходна!“, напиша професорката Каракамишева – Јовановска на Фејсбук.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

29.04.2020 - 12:54

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега