Седница на работната група за Избирачкиот список

 

Работната група за проверка на Избирачкиот список денеска ќе одржи работен состанок.

На состанокот предвидено е да присуствува и експертот од ОБСЕ Џон Арон кој ќе објасни за целта на неговиот ангажман во врска со изработка на методологија за проверка на Избирачкиот список.

На седницата ќе биде презентирана и Информација во врска со текот на процесот на обработка на податоците на Избирачкиот список од страна на Државниот завод за статистика за тековното годишно ажурирање согласно со Изборниот законик. 

22.10.2013 - 09:35

најчитано сега