Јанкулоска во неколкудневна посета на Кина

 

Министерката за внатрешни работи Гордана Јанкулоска од денеска престојува во неколкудневна посета на Народна Република Кина.

Предвидено е Јанкулоска да се сретне со  државниот советник и министер за јавна безедност на Пекинг, Гуо Шенгкун, додека утре ќе ја посети Специјалната полициска академија за вооружени полициски сили на Кина.

Министерката ќе се сретне и со директорот и со  функционери на Бирото за јавна безбедност на Шангај - водечкиот град по број на жители во светот, информира МВР. 

22.10.2013 - 09:20

најчитано сега