МРТВ: Гроздановски е суспендиран а не избркан од работа

 

Макеоднската радио телевизија ги демантира информациите кои ги објави Press24 дека режисерот Миле Горздановски заедно со уште 7 лица е избркан од работа.

Демантот го обавуваме во целост.

„Осумина вработени во Македонската радио телевизија по неемитување на директниот пренос од Макфест добија суспензија. Меѓу нив е и режисерот Миле Гроздановски. Објавувањето на имиња кои се дел од работата на  комисијата за утврдување на одговорноста согласно колективниот договор е на штета на угледот на лицата чиј степен на одговорност се уште се утврдува. По работата на комисијата ќе следи детален извештај со предложени санкции за лицата кои се под суспензија.

Политика на МРТВ е обезбедувње на услови за беспрекорно функционирање на јавниот сервис, а секој проблем при тоа функционирање мора да се реши. Нема да дозволиме да се повторуваат грешки од минатото, јавниот сервис мора да функционира на начин што ќе ги задоволи потребите на граѓаните. Во овој процес нема место за импровизации и самоволие, туку само посветеност на работата.

 

Како и досега, јавноста ќе ја информираме за резултатите од извештајот на комисијата“ - стои во демантот на МРТВ

21.10.2013 - 20:57

најчитано сега