Ѓорѓи Наумов: Љубчо на клоци ќе беше исфрлен од партијата ако знаевме дека ќе се декларира како Бугарин

 

Првиот министер за правосудство и управа во ек­сперт­ска­та Влада, министер без ресор во Владата на ВМРО-ДПМНЕ, предводена од Љубчо Георгиевски, и претседател на Републичката комисија за верски пра­ша­ња, Ѓор­ѓи Наумов, во интервју за весникот Вест, вели дека ако на почетокот знаеле дека Љупчо Георгиевски ќе се декларира како Бугарин, на клоци ќе бил исфрлен од партијата.

На прашањето дали Георгиевски бил искрен ВМРО-вец или профитер, Наумов одговара:

- Јас и порано кажав дека тој изврши национално предавство. Тој се дек­ла­ри­ра­ше како македонски Бугарин. Ние, ако знаевме на почетокот дека тој се декларира како Бугарин, на клоци ќе го исфрлевме од партијата. Тоа дете на 24 години дојде кај мене, и вели дали може да биде премиер. Му реков: "Чекај бе, дете, на 24 години сакаш да бидеш премиер, јас на 60 го­ди­ни не се нафаќам да бидам премиер".

Целото интервју проследете го на Вест.мк.

 

21.10.2013 - 11:17
Фото: 
Утрински

најчитано сега