Слаѓана Тасева претседател на Комисијата за 24 декември?

 

Поранешната претседателка на Комисијата за спречување на корупцијата Слаѓана Тасева може да биде новиот претседател на анкетната Комисија, дознава Press24 од свои извори. Според нашите информации, Тасева дошла како предлог на опозициската СДСМ. 
Press24 ја контактираше Тасева но таа не скаше ниту да потврди ниту да демантира. На нашето прашање дали е точна информацијата дека е предложена за претседател на Анкетната комисија за настаните од 24 декември, Тасева кратко одоговри со „Незнам“. Потврди дека и било понудено да биде дел од Космијата.
„Ми понудија да бидам дел од комисијата, но што ќе решат не знам. Во овој момент не можам да Ви кажам ништо“ - рече Тасева.

Со оглед на тоа дека сите места во Комсијата се пополнети, за Тасева останува само местото Претседател. 

Од двете најголеми политчки партии воопшто не сакаат да даваат информации по ова прашање. НЕ може да се добие ниту потврда ниту демант за можноста Тасева да ја предводи комисијата.

Вчера од Кабинетот на Претседателот Иванов, кој е и инцијатор на оваа Комисија рекоа дека преговорите одат во добра насока и дека деновиве може да се очекува Комисијата да се комплетира

А.С.

најчитано сега