Нов хит меѓу Македонките: Пред свадба во хипербарна комора на третман со чист кислород

 

 

Пред свадба во хипербарна комора на третман со чист кислород. Ова е најновиот хит меѓу Македонките, пишува Вест.

Според весникот, 5 пациентки до сега приватно си ја платиле услугата бидејќи не ја покрива Фондот за здравствено осигурување

- Третманот за разубавување со чист кислород се користи секаде во светот. На пример, Мадона и Новак Ѓоковиќ имаат нивни лични хипербарни комори, бидејќи со овој третман се затегнува кожата и тој дава многу енергија. Од 286 пациенти колку што се третирани во комората, имавме и пет што тоа го побараа од естетски причини, и сите беа на третман пред свадба - вели за Вест директорката на Клиниката за пластична и реконструктивна хирургија, Смиља Туџарова. 

20.10.2013 - 23:59
Фото: 
Макфакс

најчитано сега