Неделна временска прогноза: Подгответе се за неверојатно топла седмица

 

Позади нас е една надпорсечно топла недела, каде што температурите биле повисоки за 1 до 3°С во однос на повеќегодишниот просек.

Слична состојба не очекува и за нареднава седмица каде што не очекува претежно сончево и топло време каде што максималните дневни температури ќе се движат од 16°С до 27°С. Но во текот на ноќта и во утринските часови ќе имаме ниски температури, прогнозира специјализираниот портал за временска прогнзоа Weather4all

Во понеделник во утринските часови ќе има појава на магла, а во текот на денот ќе биде сончево и топло. Слаб ветер. Утринските температури од 3°С до 11°С, а максималните дневни температури ќе се движат од 18°С до 25°С.

Во вторник во утринските часови ќе има појава на магла, а во текот на денот ќе биде сончево и топло. Слаб ветер. Утринските температури ќе се движат од 5°С до 13°С, а максималните дневни температури од 20°С до 27°С.

Појава на утринска магла ќе има и во среда, а во текот на денот ќе биде претежно сончево и топло. Слаб ветер со променлив правец. Утринскиите температури од 6°С до 14°С, а максималните дневни температури ќе достигнат до 20°С односно до 27°С.

Во четврток во утринските часови ќе има појава на магла, а во текот на денот ќе биде претежно сончево со локална облачност. Ќе дува слаб јужен и југоисточен ветер, а во западните предели ќе дува слаб североисточен ветер. Утринските температури ќе се движат од 6°С до 14, а максималните дневни температури од 19°С до 26°С.

Во петок во Македонија во утринските часови ќе има појава на магла, а во текот на денот ќе биде умерено облачно со сончеви периоди. Слаб јужен и југоисточен ветер, а во западните предели ќе дува слаб североисточен ветер. Утринските температури од 6°С до 14°С, а максималните дневни температури ќе се движат од 17°С до 24°С.

За викендот по магловитите утра, повторно не очекуваат сончеви и топли денови.

Во сабота по магловитото утро, во текот на денот ќе биде претежно сончево со локална облачност. Слаб ветер со променлив правец. Утринските температури ќе се движат од 4°С до 12°С, а максималните дневни температури од 16 до 23°С.

Во недела во утринските часови ќе има појава на магла, а во текот на денот ќе биде претежно сончево и топло. Ќе дува слаб северен и северозападен ветер, а во западните предели ќе дува слаб североисточен ветер. Утринските температури од 4 до 12, а максималните дневни температури ќе достигнат до 16 односно до 23°С. 

20.10.2013 - 22:36