„Дарко Станиќ има проблеми“
Како никогаш до сега, голманот на Металург Дарко Станиќ имаше слаб ден. Иако играше по половина и од двете полувремиња, според сите најдобриот светски голман имаше само 2 интервенции. Медиумите јавија дека на полувремето имало и кавга меѓу него и Червар. Стратегот на Металург на прес конференцијата не сакаше да открива многу детали, но призна, дека Дарко Станиќ има проблеми.
„Дарко во последните седум дена на тренираше. Тој има проблеми со кои не би сакал да ве заморувам, се надевам дека ќе ги надмине тие проблеми и дека ќе биде фокусиран за следните натпревари. Јас секогаш велам дека екипата е најдобар играч, секогаш сум им давал поддршка на моите играчи и тоа ќе биде случај и овојпат. Не би сакал воопшто да прејудицирам ништо околу иднината на Станиќ, само ќе повторам дека се надевам тој ќе ги надмине проблемите со кои се соочува“ рече Червар.