Канческа-Милевска посети работилници во рамки на Фестивалот „Џифони“
Министерката за култура Елизабета Канческа-Милевска денеска посети неколку работилници во рамки на првото издание на Филмскиот фестивал за млади „Џифони“ во Македонија.
- Би сакала да му се заблагодарам на директорот на „Џифони“ кој овозможи да бидеме еден значаен и главен партнер како држава во рамки на „Џифони“ фестивалот кој е уникатен и единствен во светот, а се одржува во Италија. Оваа година во јули беше 43.издание на Џифони фестивалот во Италија, каде што и Македонија беше присутна и се претстави на тој фестивал. Овој месец е првиот „Џифони“ фестивал во Македонија, изјави Канческа-Милевска.
Министерката нагласи дека и е драго што ги видела дечињата среќни и весели, активно вклучени во креативноста на сите овие проекти.
- Можев да видам некои вештини кои се проследени со музика и танц, работилници каде се изработуваат уметнички предмети од хартија, тоа е некоја јапонска вештина. Се разбира во рамките на овие пет дена додека се реализира Фестивалот ќе има голем број филмски проекции каде сите овие дечиња на возраст од 10 до 18 години се вклучени во голем број работилници, дебата, проследување филмски проекции со цел да се развие креативноста во делот на филмот, на сите овие иновации, кои мислам дека многу ќе им помогнат и во нивниот образовен процес и во нивната креативност во овој дел на филмската уметност, рече Канческа-Милевска.
Канческа-Милевска, најави дека и оваа година Министерството за култура ќе даде силна поддршка за Џифони.