Орав: Да се формира Комисијата за настаните од 24 декември

Македонија треба да напредува во рамки на евроинтеграциите, а една од приоритетните задачаи за таа цел е целосно имплементирање на договорот од 1 март, изјави денеска евроамбасадорот Аиво Орав на новинарско прашање за еврооптимизмот кај владиниот коалициски партнер ДУИ.  

- Треба да напредувате кон ЕУ, а во ЕУ се надеваме дека вашата земја тоа ќе го прави активно и перфектно. Пролетниот извештај, кој беше објавен, беше позитивен, но содржеше и бројни забелешки кои исто така треба да бидат адресирани што е можно побрзо. Првата и најважна е имплементација на договорот од 1 март. Многу работи се направени - опозицијата се врати во Парламентот и учествуваше на локалните избори, претседавачите со Националниот совет за евроинтеграции беа поканети и учествуваа на состанокот во рамки на Пристапниот дијалог на високо ниво, но се уште не е комплетирана Комисијата за расчистување на настаните од 24 декември и не е потпишан меморандум за разбирање меѓу партии, рече Орав кој заедно со вицепремиерот за европски прашања Фатмир Бесими во Скопје промовираа нова проект иницијатива „Младите за Европа“