Министерот Спасов го отвори брачното советувалиште во Свети Николе
Министерот за труд и социјална политика Диме Спасов денеска го отвори регионалното брачно советувалиште во Свети Николе.
Министерот Спасов заедно со градоначалникот на општина Свети Николе, Зоран Тасев и директорот на Центарот за социјални работи го пушти во употреба советувалиштето каде граѓаните ќе можат бесплатно да добиваат совет.
Во рамки на посетата, министерот Спасов заедно со градоначалникот, претставници на Центарот за социјални работи и Црвениот Крст го посетија и семејството Смилковиќ во село Богословец. На семејството му беа предадени облека, храна, обувки, хигиенски препарати од страна на Црвениот Крст. Министерството ќе донира бела техника и мебел од акцијата
Спасов денес ја посети општина Кочани, при што оствари средба со претставници на општината, директорот на Центарот за социјални работи. Беше реализирана средба и со претставници на здруженија на пенионери, инвалиди, како и со граѓани на град Кочани