Сопствениците на печалба крадците во акција - ограбени куќи во кичевско
Две млади момчиња од Кичево од април до овој месец годинава оперирале низ Кичево и краделе што им дојде при рака.
Се работи за 18-годишниот А.Е. и 25-годишниот Г.К. кои по претходен меѓусебен договор извршиле шест тешки кражби така што со употреба на железна хебла насилно ги отворале вратите и прозорците од куќите , а најчесто нивна цел биле куќите на жители кои се на привремена работа во странство.
Лицата и од претходно и се познати на полицијата како сторители на кривични дела.
19.10.2013 - 11:59
Фото:
Сител