Последен примерок од ретка конзола продаден за 360.000 долари
Редок прототип на Нинтенто Плејстејшн конзола е продаден на аукција за 360.000 долари.
Претходниот сопственик конзолата ја купил во 2009 година за само 75 долари. Нинтенто Плејстејшн е конзола резултат на кратката соработка меѓу компаниите Сони и Нинтендо во 1992 година.
Дизајнот е сличен на Супер Нинтендо, а има и опција и за подигнување игри од ЦД-а.
Конзолата ја купил извесен Грег МекЛемор, кој вели дека сака да направи музеј за видео игри, кој ќе содржи над 800 слот машини и безброј други мали игри, магазини и оригинални уметнички дела.
09.03.2020 - 23:38
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа