Македонец ќе ја дели правдата на мечот меѓу Крајова и Левски

 

Македонскиот интернационалец Игор Митревски ќе биде еден од тројцата делители на правдата на мечот меѓу романската екипа Крајова и ланскиот финалист Левски од Софија кој што ќе се одигра вечер во рамките на првото коло од БИБЛ лигата. 

Во ова коло, вчера македонскиот претставник Куманово на домашен терен беше поразен од Сиагал Приштина со 89:78, додека во вторникот Кожув во Гевгелија триумфираше на Пеќ со 84;79. Во истото коло одиграа и Теодо од Тиват и Балкан. Победа оствари домашниот тим со 76:71. 

Слободен во првото коло беше шампионот на ова натпреварување Галил Гилбоа од Израел. Во следното коло на 22 октомври Куманово ја пречекува Крајова, додека Кожув ќе гостува кај Левски.

17.10.2013 - 09:59

најчитано сега