„Јас сум крив што не одиме на СП во Бразил“ - Пандев не игра веќе за Македонија

 

Најдобриот македонски фудбалер и капитен на нашата репрезентација Горан Пандев јавно ја прифати одговорноста за катастрофалниот пласман во квалификациите за СП во Бразил наредната година, велејќи дека повеќе нема да настапува за македонскиот состав, пренесува спортскиот весник Македонски спорт. 

- Не можам повеќе да молчам и да гледам како тонеме. Ова што се случува со репрезентацијата е една голема срамота. Како капитен имам обврска да ја преземам комплетната одговорност за очајниот пласман во квалификациите кои се зад нас. Нема да барам никакво алиби. Јас, Горан Пандев, сум главниот виновник поради тоа што репрезентацијата не оди на СП во Бразил и е последна во групата. Како резултат на сето ова се повлекувам од понатамошните настапи во дресот со државниот грб. Слободно за сите проблеми, не само во репрезентацијата туку и во комплетниот фудбал во Македонија, може да ме обвините мене и само мене. Може да ме пцуете, навредувате, критикувате - вели Пандев.

17.10.2013 - 09:17

најчитано сега