Пандев веќе нема да игра за Македонија: Јас сум крив за се, пцујте ме, навредувајте...
Капитенот на македонската фудбалска рпрезентација, Горан Пандев во интервју за Македонски спорт објави дека се повлекува од репрезентативниот фудбал, Пандев вели дека ја прифаќа целосната одговорност за слабите резултати и дека веќе нема да го носи македонскиот дрес.
„ Не можам повеќе да молчам и да гледам како тонеме. Ова што се случува со репрезентацијата е една голема срамота. Како капитен имам обврска да ја преземам комплетната одговорност за очајниот пласман во квалификациите кои се зад нас. Нема да барам никакво алиби. Јас, Горан Пандев, сум главниот виновник поради тоа што репрезентацијата не оди на СП во Бразил и е последна во групата. Како резултат на сето ова се повлекувам од понатамошните настапи во дресот со државниот грб. Слободно за сите проблеми, не само во репрезентацијата туку и во комплетниот фудбал во Македонија, може да ме обвините мене и само мене. Може да ме пцуете, навредувате, критикувате… – вели Пандев за Македонски спорт
Тој изразува незадоволство и од организацијата во мак фудбалот
„Ние се претворивме во менаџерска репрезентација. Секој си прави тоа што сака на штета на националниот тим и резултатите. Од една компактна селекција станавме премногу смешни. Не личиме на ништо и не ми е јасно како тоа секогаш играчите се виновните. Ете како играч јас преземам одговорност и се повлекувам, но тоа треба да го направат и другите лица од структурите на ФФМ“ – вели Пандев.