Заслужено: Голот на Лазаров избран за најубав во вчерашниот ден на ЕП
Репрезентацијата на Македонија стигна до тешка, но заслужена победа на воведниот натпревар од континенталниот собир против селекцијата на Украина.
Нашата селекција победи со голот на Кире Лазаров кој беше постигнат во последната секунда од средбата.
Од ЕХФ го избраа токму овој погодок на Лазаров како најдобар во вчерашниот, втор ден од Европското првенство. Во конкуренцијата голот на Лазаров беше и пред мајсторијата на младиот шведски ракометар, Валтер Хринц.
Извор: Дерби
11.01.2020 - 12:05
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа