Мицкоски: Нема да им дозволиме да побегнат од избори- ќе предложиме ново име за министер на МВР

 

Во текот на денешниот ден ВМРО-ДПМНЕ ќе предложи ново име за технички министер за внатрешни работи со цел, како што денеска изјави претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски, да не и дозволат на СДСМ да избега од избори.

 

„Нема да дозволам да избегаат од избори и да се соочат со пораз. Предлагам ново име за кандидат за технички министер на МВР и ќе ги поминеме сите препреки, а на 12 април ќе ги поразиме“ рече Мицкоски на прес конференција.

На прашање дали ќе го открие името лидерот на ВМРО-ДПМНЕ рече дека се чека на последни консултации со Заев и Ахмети и дека тоа ќе се случи телефонски, па името ќе биде соопштено во јавност, што најверојатно ќе се случи попладнево.

Мицкоски додаде дека не се работи за член на партијата туку за човек професионалец кој си ја знае работата.

 

 

 

 

Добивајте вести на Viber

02.01.2020 - 13:50

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега