Ахмети: Албанците не се дискриминирани во Македонија

Лидерот на ДУИ додава дека мандатот на идната влада нема да биде лесен. Според него треба да се зголеми квалитетот во образованието, здравството и судството. Ахмети вели дека во Македонија можеби постои неправда во некој судски процес, но дека нема дискриминација врз Албанците.

Народ кој има национално знаме, има три универзитети на својот јазик, два државни и еден приватен, не може да се рече дека е дискриминиран. За еден народ кој темелите на градење на државата ги има на просторите каде што живее, јазик, знаме, универзитети, државна администрација, полиција, војска. Има уште работи кои треба да се поправат, уште не се затворени сите прашања, на пример за правичната застапеност, практичната употреба на јазикот и други. Денеска тргнуваме со првите чекори, но треба да видиме колку сме подготвени сите овие работи што сме ги добиле со многу труд да ги применуваме, истакна Ахмети.

 

Ахмети вели дека треба една систематска работа за да се отстранат предрасудите дека Албанците сакаат да доминираат со цела Македонија. Во однос за односите со СДСМ, Ахмети изјавил дека соработката со оваа партија ќе продолжи до 12 април, иако постојат неколку разлики.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

02.01.2020 - 09:24

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега