Мицкоски: Новата година носи надеж, шанса и промени кои ќе донесат обнова

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски на неговиот фејсбук профил објави видео од првиот состанок во Новата година во неговиот кабинет со, како што вели, луѓето кои ќе имаат одговорна задача во Техничката влада.

– Ветив работа и жилава посветеност која мора да донесе реални резултати затоа што народот не смее да биде разочаран, а илјадници судбини чекаат подобри времиња и промени, заедно да работиме за Македонија која се обновува, напиша Мицкоски под објавата на видеото.

Новата година носи надеж, шанса и промени кои ќе донесат обнова. Нека е среќна и бериќетна!, дополни лидерот на ВМРО-ДПМНЕ.

 

 

 

 

Добивајте вести на Viber

01.01.2020 - 15:45

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега