Делегација на СДСМ положи цвеќе и оддаде почит на првиот претседател на Република Македонија, Киро Глигоров

Делегација на СДСМ во состав Коста Петров, потпретседател на СДСМ, Магдалена Несторовска од Форумот на жени на СДСМ и Горан Герасимовски, претседател на ОО СДСМ Центар положи цвеќе и оддаде почит на првиот претседател на независна Македонија, Киро Глигоров, денеска, на 8- годишнината од неговата смрт.

„СДСМ, како и граѓаните на Република  Македонија со почит ги вреднува заложбите и придонесот на претседателот Глигоров за нашата земја, кој изгради мостови на соработка и заедништво како внатре во општеството, така и во светот и со тоа го зацрта патот на интеграција и развој, кој и денес со гордост го одиме.

Во интерес на иднината на граѓаните и на државата, СДСМ останува определена да ги негува и спроведува вредностите што претседателот Глигоров ги остави зад себе“ стои во соопштението на СДСМ.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

01.01.2020 - 13:09

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега