Стоилковски: Низа скандалозни семејни вработувања на раководни позиции се поделени во Штип

Скандалозните податоци за бранот на непотизам, заразата од партиски вработувања во предизборието се фрапантни, рече денеска  Наум Стоилковски, Портпарол на ВМРО-ДПМНЕ. 

„Единствен критериум за вработување во Македонија, не е квалитетот или стекнатото знаење, единствен критериум за работа е да бидеш во семејна врска со кланот на власт! Непотизмот е симболот на оваа власт во заминување. Владините министри донесоа зараза од нов непотизамво Република Македонија.

Низа скандалозни семејни вработувања на раководни позиции се поделени во Штип. Љупчо Трајковски е началник на СВР Штип. Неговата сопруга, Снежана Трајковска е директорка на здравствениот дом во Штип. Брачниот пар Трајковски во Штип се познати како брат и снаа на Трајковски, човекот кого во Штип го сметаат за одговорен за пропаста на гигантот Македонка-Штип со над 6.000 вработени“ рече Стоилковски.

Тој нагласи дека Тони Атанасов е командир на противпожарната единица во Штип, а неговата сопруга Софка Атанасова е директорка на детска градинка во Штип.

„Јане Миланов е претседател на општина Штип, а неговата сопруга Љубица Миланова е поставена за главна сестра во штипската болница. Внуката, пак, на претседателот на општината, Милкица Санева е шеф на кабинетот на градоначалникот Благој Бочварски!

Почитувани, кога власта и министрите шират зараза од непотизам низ ЕЛЕМ, МЕПСО, МНАВ, и другите институции каде што платите се неколкукратно поголеми од просечната,  локалните функционери ги фаќа вирусот на полнење на администрацијата со роднини. Ниту мерит систем, ниту квалификации, ниту образованието е на цена, се цени само врската со функционерите на СДСМ!

Функционерите од власта ги напикаа децата и роднините во државни јасли, а квалитетните луѓе не добиваат шанса, го препознаваат непотизмот и се иселуваат од Македонија. За 3 дена и 10 часа Зоран Заев заминува; на 12 април ќе замине сета оваа непотистичка мрежа. Обновата ќе почне и со неа одговорност во Македонија - мора да има, рече Стоилковски.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

30.12.2019 - 14:03

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега